dic

January 15, 2018

Известување до кандидатите кои сакаат да ја продолжат важноста на уверението за директор на основно училиште и на јавно средно училиште.

Според член 37 од  Законот  за обука и испит за директор на основно училиште,средно училиште,ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење („Службен весник  на Република Македонија„ бр.10/15,145/15,192/15 и 30/2016  ) : ,,Кандидатите кои се стекнале со уверение за директор согласно прописите кои важеле до денот на отпочнувањето на примената на овој закон, должни се најдоцна до 1 септември  2018 година да го положат испитот за директор и да се стекнат со уверение за директор“.
Кандидатите кои сакаат  да ја продолжат важноста на уверението за директор потребно е да  достават  податоци (име и презиме, контакт телефон и е-маил адреса ) на службениот е-маил  на Државниот испитен центар :  obukidirektori@dic.edu.mk  (да биде назначено  во  Subject   Релиценцирање),за да добијат  понатамошни информации и насоки во врска со испитот.

Risi
About admin