Врз основа на член 13 став 1 од Законот за Државниот испитен центар („Службен весник на Република Македонија бр. 142/08, 148/09, 41/14, 55/16, 142/16 и 64/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 59/25) и член 5 став 1 од Правилникот за начинот, постапката и критериумите за избор на надворешни соработници на Државниот испитен центар, бр. 01-440/3 од 28.12.2022 година, бр. 01-176/3 од 1.3.2023 година, бр. 01-197/3 од 15.04.2024 година, бр. 01-109/3 од 11.02.2025 година и бр. 01-157/4 од 25.3.2025, бр. 01-121/3 од 9.2.2026 година и бр. 01-181/2 од 24.3.2026 година, во врска со член 61 став (4) од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/02, 40/03, 42/03, 67/04, 55/05, 113/05, 35/06, 30/07, 49/07, 81/08, 92/08, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 42/11, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14, 135/14, 10/15, 98/15, 145/15, 30/16, 127/16, 67/17 и 64/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 229/20, 78/25, 132/25 и 250/25), Државниот испитен центар распишува
ЈАВЕН КОНКУРС
за избор на надворешни соработници − претседател и заменик-претседател на стручна комисија за спроведување на приправничкиот испит за воспитувач во средно училиште со ученички дом
I. Државниот испитен центар распишува јавен конкурс за избор на надворешни соработници – претседател и заменик-претседател на стручна комисија за спроведување на приправничкиот испит за воспитувач во средно училиште со ученички дом.
II. Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
– да се државјани на Република Северна Македонија;
– да има завршено најмалку академски студии од прв циклус соодветно образование;
– да е од редот на воспитувачите од средните училишта;
– да има најмалку 7 години работен стаж во верифицирана воспитно-образовна установа.
III. Кандидатите задолжително ја доставуваат следнава документација:
– пријава – која самостојно ќе ја изработат и која задолжително треба да ги содржи следните податоци:
• име и презиме на кандидатот;
• датум и место на раѓање;
• адреса на живеење;
• телефонски број за контакт;
• е-пошта и
• назив и место на средното училиште (ученичкиот дом) во кое кандидатот е вработен;
– уверение за државјанство;
– копија заверена на нотар од уверението/дипломата за соодветно високо образование;
– оригинал потврда за заснован редовен работен однос и соодветно работно искуство од најмалку 7 години како воспитувач во верифицирана воспитно-образовна установа во РСМ;
IV. Изборот на надворешни соработници – претседател и заменик-претседател на стручна комисија за спроведување на приправничкиот испит за воспитувач во средно училиште со ученички дом се врши на начин и во постапка утврдена со Законот за Државниот испитен центар и Правилникот за начинот, постапката и критериумите за избор на надворешни соработници на Државниот испитен центар.
V. Кандидатите кои ќе бидат избрани за надворешни соработници – претседател и заменик-претседател на стручна комисија за спроведување на приправничкиот испит за воспитувач во средно училиште со ученички дом ќе бидат ангажирани до крајот на календарската 2026 година.
VI. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е заклучно со 14.4.2026 година.
VII. Изборот на надворешните соработници ќе се изврши најдоцна во рок од 18 (осумнаесет) дена по истекот на рокот за пријавување.
VIII. Ненавремена, нецелосна и невалидна документација, нема да биде предмет на разгледување.
IX. Пријавата заедно со потребната документација се доставува во Архивата на Државниот испитен центар (од 10:00 до 14:00 часот) или со препорачана поштенска пратка на следнава адреса: Државен испитен центар – Скопје ул. „Васил Ѓоргов“ б.б., 1000 Скопје, со назнака „ За јавен конкурс за претседател и заменик-претседател на стручна комисија за спроведување на приправничкиот испит за воспитувач во средно училиште со ученички дом“.
X. Дополнителни информации за јавниот конкурс можат да се добијат на телефонскиот број 075/300-606, секој работен ден од 10.00 часот до 14.00 часот.
ДРЖАВЕН ИСПИТЕН ЦЕНТАР



