ПИСА
PISA (Programe for International Student Assessment) е меѓународна студија која ги проценува способностите, знаењата и вештините на учениците во примена на она што го научиле во училиште во ситуации од животот на крајот на задолжителното образование на возраст од 15 години воглавно во три подрачја:
- оспособеност за читање со разбирање – и критички пристап во читањето на пишани материјали;
- математичка писменост – читање, интерпретирање и решавање на даден проблем со организирање и толкување на дадени информации и избирање на метод за решавање;
- писменост во природните науки – препознавање на научни прашања, користење на научни знаења, идентификување на содржината во научните истражувања и поврзување на научните податоци со докази и заклучоци.
PISA е циклична континуирана програма која дава увид во обрзовните политики и практики и помага во следењето на трендовите во стекнување на знаења и вештини кај учениците на иста возраст во различни земји и различни демографски подгрупи во секоја држава.
Оваа проценка не потврдува само дали учениците можат да го репродуцираат своето знаење, туку испитува и колку добро можат да го екстраполираат (искористат) своето знаење од она што го научиле и колку можат да го применат тоа знаење во непознати ситуации, во училиште и надвор од него.
Програмата за меѓународни тестирања на учениците – PISA е организаирана од страна на Организацијата за економска соработка и развој (OECD – Organization for Economic Co-operation and Development).
Нашата држава има учествувано во следниве циклуси на мерење:
- PISAPlus 2000
- PISA 2015
- PISA 2018
Во тек е подготовка и реализација на PISA 2021 во која покрај нашата држава учествуваат околу 80 држави од целиот свет.
PISA 2000 – Извештај за постигањата на учениците во РМ-МАК.pdf
PISA 2015 – Извештај за постигањата на учениците во РМ-МАК.pdf
PISA 2018 – Извештај за постигањата на учениците во РМ-МАК.pdf
PISA 2018 – Постигањата на учениците од Република Северна Македонија за медиумска писменост во ПИСА
PISA 2018 – Длабинска анализа на постигањата на учениците во Република Северна Македонија
PISA 2022 – Извештај за постигањата на учениците во РМ-МАК.pdf
Анализа на постигањата на учениците во РСМ во ПИСА и ПИРЛС-ppt
Извештај од длабинската анализа од резултатите на учениците од РСМ во ПИСА2018 (ова е текстот за известајот)
Извештај за постигањата на учениците во Република Северна Mакедонија oд пробното тестирање Pisa 2022
Примери на ПИСА задачи интерактивни
Примери на ПИСА задачи од читање со разбирање (тестови од типот молив-хартија)-мак
Примери на ПИСА задачи од читање со разбирање (електронски тестови)-мак
Примери на ПИСА задачи од математичка писменост (тестови од типот молив-хартија)-мак
Примери на ПИСА задачи од природни науки (тестови од типот молив-хартија)-мак
Примери на ПИСА задачи од природни науки (електронски тестови) мак
Насоки за користење на збирката Примери на ПИСА задачи од читање и разбирање од типот молив-хартија
Насоки за користење на збирката Примери на ПИСА задачи од читање и разбирање од типот електронски
Насоки за користење на збирката Примери на ПИСА задачи од математичка писменост од типот молив-хартија
Насоки за користење на збирката Примери на ПИСА задачи од природни науки од типот молив-хартија
Насоки за користење на збирката Примери на ПИСА задачи од природни науки од типот електронски
Примери на ПИСА задачи од читање со разбирање (тестови од типот молив-хартија)-алб
Примери на ПИСА задачи од читање со разбирање (електронски тестови)-алб
Примери на ПИСА задачи од математичка писменост (тестови од типот молив-хартија)-алб
Примери на ПИСА задачи од природни науки (тестови од типот молив-хартија)-алб
Примери на ПИСА задачи од природни науки (електронски тестови) алб