ПИСА

PISA (Programe for International Studen Assessment) е меѓународна студија која ги мери способностите и знаењата на учениците на крајот на задолжителното образование на возраст од 15 год. во подрачјата:
– оспособеност за читање со разбирање – и критички пристап во читањето на пишани материјали;
– математичка писменост – читање, интерпретирање и решавање на даден проблем со организирање и толкување дадени информации и избирање метод за решавање;
– писменост во природните науки – препознавање на научни прашања, користење на научни знаења, идентификување на содржината во научните истражувања и поврзување на научните податоци со докази и заклучоци.

Со ова тестирање повеќе се проверува колку добро учениците се подготвени за живот по завршување на училиштето, отколку колку добро учениците ги совладале содржините што се предвидени со наставните програми.
Организацијата за економска соработка и развој (OECD – Organization for Economic Co-operation and Development) ја раководи организацијата и реализацијата на оваа програмата за меѓународно оценување на учениците – PISA.
Република Македонија има учествувано во еден циклус на мерење и тоа во PISA 2000, па што е публикуван и Национален извештај.

Национален извештај од PISA 2000.

Нашата држава во 2013 година се вклучи во реализација на PISA 2015 заедно со преку 60 држави од цел свет.

PISA 2000 – Извештај за постигањата на учениците во РМ-МАК.pdf
PISA 2015 – Извештај за постигањата на учениците во РМ-МАК.pdf