All posts by: Artan Abdulla

About Artan Abdulla

јуни 1, 2022

УСПЕШНО СПРОВЕДЕН ПРВИОТ ДЕН ОД ДРЖАВНОТО ТЕСТИРАЊЕ ВО ТРЕТО ОДДЕЛЕНИЕ

Државниот испитен центар, заедно со учениците и соработниците од 120 основни училишта во Република Северна Македонија, денес успешно го спроведе првиот ден од главното тестирање во трето одделение во рамките на Државното тестирање. Во тестирањето учествуваа околу 4200 ученици кои решаваа тестови по наставните предмети македонски јазик или албански јазик. На почнувањето на државното тестирање […]

Новости
мај 30, 2022

Потпишување меморандум за соработка на ДИЦ со Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“

Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“ и Државниот испитен центар (ДИЦ) денеска во Скопје потпишаа Меморандум за разбирање и соработка со цел континуирано следење на зајакувањето на медиумската писменост кај учениците. Оваа соработка ќе биде клучна за анализирање на вештините на учениците од различни возрасти во областа во сферата на медиумската писменост, како […]

Новости
мај 27, 2022

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ГЛАВНОТО ТЕСТИРАЊЕ ВО III ОДД. ВО РАМКИТЕ НА ДРЖАВНОТО ТЕСТИРАЊЕ, 2022 Г.

Државниот испитен центар прави интензивни подготовки за првото главно тестирање во рамките на државното тестирање. Тестирањето ќе се реализира во III одделение, на 1. и 2. јуни 2022 година, по наставните предмети македонски јазик, албански јазик и математика. Во примерокот се опфатени 79 училишта на македонски наставен јазик и 41 училиште на албански наставен јазик […]

Новости
мај 18, 2022

Меѓународна научна конференција: 75 години Институт за педагогија – Воспитно- образовани предизвици и перспективи

На Меѓународна научна конференција: 75 години Институт за педагогија, одржана од 16 до 18 мај во Охрид, од Државен испитен центар со научен труд: Влијанието на социо- економските фактори врз постигањата на учениците од РСМ во ТИМСС 2019, учествуваа д-р Бети Ламева и м-р Елизабета Наумовска.

Новости
мај 18, 2022

Третата меѓународна конференција за образование по математика, физика и сродни науки

На Третата меѓународна конференција за образование по математика, физика и сродни науки, од 6 до 8 мај 2022 што се одржа на Природно математичкиот факултет во Скопје. Воведно обраќање имаше и директорката на Државен испитен центар м-р Елизабета Наумовска. На конференцијата од ДИЦ со свој труд настапи и д-р Бети Ламева.

Новости
април 11, 2022

PISA 2022 студија – главно тестирање

Главното PISA 2022 студија ќе се спроведе во периодот од 07.04.2022 до 27.05.2022 година во сите средни училишта во Р.Северна Македонија на македонски и на албански јазик. PISA е Програмата за меѓународно оценување на учениците, спонзорирана од страна на Организацијата за економска соработка и развој (OECD). ПИСА е најголемото светско меѓународно истражување во образованието во […]

Новости
март 23, 2022

Меѓународната студија ПИСА2022

Државниот испитен центар на 21.03.2022 година одржа две средби на далечина (на македонски и на албански јазик) со сите директори на средни училишта и училишни координатори за меѓународната студија ПИСА 2022. Тема на средбите беше претстојното главно тестирање кое ќе се реализира во месец април и мај 2022 година во сите средни училишта од РСМ […]

Новости
март 14, 2022

ИЗВЕСТУВАЊЕ НА КАНДИДАТИТЕ ЗА ПРОЛЕТНАТА ИСПИТНА СЕСИЈА 2022 ГОДИНА

Поради голем интерес на кандидатите за полагање стручен испит, Државниот испитен центар им излегува во пресрет и го ПРОДОЛЖУВА РОКОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ во пролетната испитна сесија, најдоцна до 18.3.2022 ГОДИНА. Забелешка: Потребната документација останува иста и се испраќа ИСКЛУЧИВО ПО ПОШТА.

Новости
март 10, 2022

Пробно TIMSS 2023 тестирање на македонски и на албански јазик

Во периодот од 09.03.2022 до 25.03.2022 година во 30 основни училишта во Република Северна Македонија ќе се спроведе за прв пат кај нас електронски пробно ТИМСС 2023 тестирање на македонски и на албански јазик. Со него се опфатени 1197 ученици од четврто одделение, од кои 837 на македонски јазик и 360 на албански јазик. Учениците […]

Новости