add_action('wp_footer', function(){ echo '
Mostbet sign up
'; }); Длабинска анализа на податоците од ТИМСС2023 студијата – DIC

dic

февруари 19, 2025

Длабинска анализа на податоците од ТИМСС2023 студијата

timssobuka1tims2obuka

 

 

 

 

 

 

 

Денес (на 19.02.2025 година) во просториите на ДУЦОР „Партенија Зографски“ – Скопје, Државниот испитен центар одржа настан на кој се презентираа резултатите од ТИМСС 2023 студијата. На настанот свое обраќање имаше и директорката на ДИЦ м-р Даниела Јовчевска Михајловска и заменик директорот на ДИЦ г-дин Али Абдула, а длабинската анализа на постигањата на учениците од Македонија ги презентираше д-р Бети Ламева, национален координатор на ТИМСС.

Покрај претставници од ДИЦ, на настанот учесници беа директорката на училиштето домаќин г-ѓа Слободанка Џеповска, директорката на БРО г-ѓа Милка Тримчевска и заменик директорката г-ѓа Шпреса Селими, директорот на ДПИ г-дин Шабан Алајбегу, директорот на Педагошка служба  г-дин Роберт Аџипетров, советници од БРО, претставници од МОН и ДПИ, како и директори, наставници и стручни соработници од основните училиштата.

По презентацијата на резултатите се разви опсежна дискусија во насока како до поквалитетно образование и подобри резултати.

TIMSS (The Trend in International Mathematics and Science Study) е меѓународна студија во која се мерат трендовите во знаењата и способностите на учениците по математика и природна група предмети. Студијата беше спроведена во периодот април/мај 2023 година во 150 основни училишта на примерок од 5261 ученик од четврто одделение. На интернационално ниво резултатите беа објавени во декември 2024 година.

Новости
About admin

Mostbet sign up