Денес (на 19.02.2025 година) во просториите на ДУЦОР „Партенија Зографски“ – Скопје, Државниот испитен центар одржа настан на кој се презентираа резултатите од ТИМСС 2023 студијата. На настанот свое обраќање имаше и директорката на ДИЦ м-р Даниела Јовчевска Михајловска и заменик директорот на ДИЦ г-дин Али Абдула, а длабинската анализа на постигањата на учениците од Македонија ги презентираше д-р Бети Ламева, национален координатор на ТИМСС.
Покрај претставници од ДИЦ, на настанот учесници беа директорката на училиштето домаќин г-ѓа Слободанка Џеповска, директорката на БРО г-ѓа Милка Тримчевска и заменик директорката г-ѓа Шпреса Селими, директорот на ДПИ г-дин Шабан Алајбегу, директорот на Педагошка служба г-дин Роберт Аџипетров, советници од БРО, претставници од МОН и ДПИ, како и директори, наставници и стручни соработници од основните училиштата.
По презентацијата на резултатите се разви опсежна дискусија во насока како до поквалитетно образование и подобри резултати.
TIMSS (The Trend in International Mathematics and Science Study) е меѓународна студија во која се мерат трендовите во знаењата и способностите на учениците по математика и природна група предмети. Студијата беше спроведена во периодот април/мај 2023 година во 150 основни училишта на примерок од 5261 ученик од четврто одделение. На интернационално ниво резултатите беа објавени во декември 2024 година.