Од 23 до 27 април 2018 година во сите средни училишта во Република Македонија ќе се реализира тестирањето на ПИСА 2018, меѓународната студија, на примерок од околу 5500 ученици на македонски и албански јазик.
PISA е меѓународна студија која ги мери способностите и знаењата на учениците колку се подготвени за влез во животот и продолжување на образованието, вклучувајќи го и процесот на пазарот на трудот на возраст од 15 години во три подрачја:
– оспособеност за читање со разбирање,
– математичка писменост и
– писменост во природните науки.
Секој ученик решава тест и пополнува прашалник. Иструментите се исти за сите земји учеснички во студијата.
Процедурите на спроведување на студијата се дефинирани од страна на ОЕЦД и се исти за сите земји кои учествуваат во тестирањето. Реализатор на студијата во Република Македонија е Државен испитен центар.