dic

јуни 1, 2022

УСПЕШНО СПРОВЕДЕН ПРВИОТ ДЕН ОД ДРЖАВНОТО ТЕСТИРАЊЕ ВО ТРЕТО ОДДЕЛЕНИЕ

Државниот испитен центар, заедно со учениците и соработниците од 120 основни училишта во Република Северна Македонија, денес успешно го спроведе првиот ден од главното тестирање во трето одделение во рамките на Државното тестирање. Во тестирањето учествуваа околу 4200 ученици кои решаваа тестови по наставните предмети македонски јазик или албански јазик.
На почнувањето на државното тестирање во ОУ „26 јули“ во Шуто Оризари присуствуваа и Јетон Шаќири, министер за образование и наука, Елизабета Наумовска, директорка на Државниот испитен центар и Дритан Адеми, заменик-директор на Државниот испитен центар.
https://mon.gov.mk/content/?id=4770&fbclid=IwAR1-GtA3bIhipafNBTCF50RC62GUflsdsX56G06FZSUfAVDzzhfhMyl1hUw

Новости
About Artan Abdulla