
На 16 декември 2025 година, во хотел Holiday Inn– Скопје, Државниот испитен центар организираше обука на тема: „Толкување и анализа на податоците од НАП за поддршка на образовните политики“.
На настанот учествуваа советници од Бирото за развој на образованието, претставници од Министерството за образование и наука, претставници од Државниот просветен инспекторат, како и од Државниот испитен центар.
Целта на обуката беше да се зајакнат капацитетите за користење на податоците од Националната оценка на постигнувањата (НАП) во процесите на анализа, планирање и имплементација на политики во образованието.
Во рамки на интерактивна групна работа, учесниците изготвија предлог-мерки за унапредување на квалитетот на наставата и подобрување на ученичките постигнувања, при што беа предложени системски решенија за сите засегнати чинители (МОН, БРО, ДПИ, училиштата).
Обуката претставуваше значаен чекор кон унапредување на образовниот систем во РС Македонија



