add_action('wp_footer', function(){ echo '
Mostbet sign up
'; }); ЈАВЕН КОНКУРС за избор на надворешни соработници − претседатели и заменици-претседатели на стручните комисии за спроведување на приправничкиот испит за наставници и стручни соработници од основните и средните училишта – DIC

dic

април 7, 2026

ЈАВЕН КОНКУРС за избор на надворешни соработници − претседатели и заменици-претседатели на стручните комисии за спроведување на приправничкиот испит за наставници и стручни соработници од основните и средните училишта

Врз основа на член 13 став 1 од Законот за Државниот испитен центар („Службен весник на Република Македонија бр. 142/08, 148/09, 41/14, 55/16, 142/16 и 64/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 59/25) и член 5 став 1 од Правилникот за начинот, постапката и критериумите за избор на надворешни соработници на Државниот испитен центар, бр. 01-440/3 од 28.12.2022 година, бр. 01-176/3 од 1.3.2023 година, бр. 01-197/3 од 15.04.2024 година, бр. 01-109/3 од 11.02.2025 година и бр. 01-157/4 од 25.3.2025, бр. 01-121/3 од 9.2.2026 година и бр. 01-181/2 од 24.3.2026 година, во врска со член 2 став 15 од Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 161/19), Правилникот за програмата за полагање на стручниот испит на наставник-приправник и стручен соработник-приправник и за начинот на спроведувањето на стручниот испит („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 121/20), Државниот испитен центар распишува

ЈАВЕН КОНКУРС
за избор на надворешни соработници − претседатели и заменици-претседатели на стручните комисии за спроведување на приправничкиот испит за наставници и стручни соработници од основните и средните училишта

I. Државниот испитен центар распишува јавен конкурс за избор на надворешни соработници – претседатели и заменици-претседатели на стручните комисии за спроведување на приправничкиот испит за наставници и стручни соработници од основните и средните училишта, за:

1) Турски јазик и Турски јазик и литература – 1 (еден) надворешни соработници на турски наставен јазик (заменик-претседател);

2) Српски, Ромски, Босански, Влашки јазик и култура – 2 (двајца) надворешни соработници на српски/ромски/босански или влашки наставен јазик;

3) Одделенски наставници на турски јазик – 1 (еден) надворешен соработник на турски наставен јазик (заменик-претседател);

4) Физика – 1 (еден) надворешен соработник на албански наставен јазик;

5) Техничко образование – 1 (еден) надворешен соработник на албански наставен јазик;

6) Струка/Сектор: Здравствена/Здравство и Социјална заштита и унапредување на јавното здравје – 1 (еден) надворешен соработник на албански наставен јазик;

7) Струка/Сектор: Угостителско-туристичка/Угостителство и туризам – 1 (еден) надворешен соработник на албански наставен јазик;

8) Струка/Сектор: Хемиско-технолошка/Хемија и технологија – 1 (еден) надворешен соработник на албански наставен јазик;

9) Струка/Сектор: Текстилно-кожарска/Текстил, кожа и слични производи – 2 (двајца) надворешни соработници (еден на македонски наставен јазик и еден на албански наставен јазик);

10) Струка/Сектор: Сообраќајна/Сообраќај, транспорт и складирање – 1 (еден) надворешен соработник на албански наставен јазик;

11) Струка/Сектор: Машински/Машинство – 1 (еден) надворешен соработник на албански наставен јазик;

12) Струка/Сектор: Електротехничка/Електротехника – 1 (еден) надворешен соработник на албански наставен јазик;

13) Струка/Сектор: Лични Услуги – 1 (еден) надворешен соработник на албански наставен јазик;

14) Струка/Сектор: Геолошко-рударска и металуршка/Геологија, рударство и металургија – 2 (двајца) надворешни соработници на македонски наставен јазик;

II. Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
– да се државјани на Република Северна Македонија;
– да имаат завршено најмалку академски студии од прв циклус од соодветниот предмет, односно соодветната струка/сектор;
– да се од редот на наставниците од соодветниот наставен предмет/струка/сектор во основните/средните училишта во РСМ;
– да имаат најмалку 7 години работен стаж во верифицирана воспитно-образовна установа и/или наставници од акредитирани високообразовни установи од соодветната област, предност има кандидатот со искуство како ментор на приправник.

III. Кандидатите задолжително ја доставуваат следнава документација:
– пријава – која кандидатот самостојно ја изготвува и која задолжително треба да ги содржи следните податоци:
• име и презиме на кандидатот;
• датум и место на раѓање;
• адреса на живеење;
• телефонски број за контакт;
• е-пошта;
• назив и место на училиште во кое е вработен,
• работно место (наставник/стручен соработник);
• наставен предмет (наставник), односно струка/сектор (стручен соработник) и
• наставен јазик на кој реализира настава;
– уверение за државјанство;
– копија заверена на нотар од уверението/дипломата за соодветно високо образование;
– оригинал потврда за заснован редовен работен однос и соодветно работно искуство од најмалку 7 години како наставник/стручен соработник во воспитно-образовна дејност, издадена од основните/средните училишта во РСМ;
– доказ за реализирано менторство (решение за назначување за ментор и програма за поддршка на приправникот) доколку го има.

IV. Државниот испитен центар ќе врши селекција според горенаведените критериуми, а доколку на конкурсот се пријават поголем број кандидати од потребните за одреден предмет и/или струка/сектор кои ги исполнуваат условите на конкурсот, на интервју ќе се повикуваат кандидатите кои имаат претходно искуство како ментори на приправници, по што ќе следи конечен избор.

V. Изборот на надворешни соработници – претседатели и заменици-претседатели на стручните комисии за спроведување на приправничкиот испит за наставници и стручни соработници од основните и средните училишта се врши на начин и во постапка утврдена со Законот за Државниот испитен центар и Правилникот за начинот, постапката и критериумите за избор на надворешни соработници на Државниот испитен центар.

VI. Кандидатите кои ќе бидат избрани за надворешни соработници – претседатели и заменици-претседатели на стручните комисии за спроведување на приправничкиот испит за наставници и стручни соработници од основните и средните училишта ќе бидат ангажирани до крај на есенската испитна сесија 2026 година.

VII. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати заклучно со 14.4.2026 година.

VIII. Изборот на надворешните соработници ќе се изврши најдоцна во рок од 18 (осумнаесет) дена по истекот на рокот за пријавување.

IX. Ненавремена, нецелосна и невалидна документација, нема да биде предмет на разгледување.

X. Пријавата заедно со потребната документација се доставува во Архивата на Државниот испитен центар (од 10:00 до 14:00 часот) или со препорачана поштенска пратка на следнава адреса: Државен испитен центар – Скопје ул. „Васил Ѓоргов“ б.б. 1000 Скопје, со назнака „ За јавен конкурс за претседатели и заменици-претседатели на стручните комисии за спроведување на приправничкиот испит за …“( се наведува предметот/струката/секторот за кој се пријавува).

XI. Дополнителни информации за јавниот конкурс можат да се добијат на телефонскиот број 075/300-606, секој работен ден од 10.00 часот до 14.00 часот.

ДРЖАВЕН ИСПИТЕН ЦЕНТАР

Конкурси
About admin

Mostbet sign up