dic

декември 7, 2020

Прес-конференција на МОН и ДИЦ за ПИСА и ПИРЛС

press

Министерството за обраование и наука заедно со Државниот испитен центар на 07.12.2020 година одржа Прес-конференција на тема длабинска анализа на резултатите од меѓународната студија ПИСА2018 и истовремено информираше за подготовките за ПИРЛС2021 и ПИСА2021 тестирањата кои претстојат.
На Прес-конференцијата говореше министерката за образование и наука, г-ѓа Мила Царовска. Таа истакна дека посветено и активно се работи со наставниците, со учениците и со директорите на училиштата кои се клучот до успехот, со цел да се подобрат резултатите на меѓународните тестирања -пробното ПИСА тестирање во 2021 и главното тестирање за ПИРЛС кое исто така се спроведува идната година.
Директорката на Државниот испитен центар, г-ѓа Елизабета Наумовска посочи дека Државен испитен центар е институција која спроведува екстерна евалуација на постигањата на учениците и според неа меѓународни тестирања се еден од референтните показатели за квалитетот на образованието.
Бети Ламева ги презентираше резултатите од направената длабинска анализа од ПИСА2018 и информираше за подготовките кои се преземаат за главното ПИРЛС и пробното ПИСА тестирање наредната година. Таа рече дека реформите во образованието се насочени кон поттикнување на учениците критички да размислуваат, да решаваат проблеми, да применуваат знаења во реални ситуации, како и кон јакнење на воннаставните активности кои битно влијаат врз постигањата на учениците и нивните трајни знаења.
На следниот линк можете да ја погледнете презентацијата од прес-конференцијата.
https://dic.edu.mk/wp-content/uploads/2020/12/RSM-vo-PISA-i-PIRLS-1.pdf

Новости
About Artan Abdulla