dic

април 11, 2022

PISA 2022 студија – главно тестирање

Главното PISA 2022 студија ќе се спроведе во периодот од 07.04.2022 до 27.05.2022 година во сите средни училишта во Р.Северна Македонија на македонски и на албански јазик.
PISA е Програмата за меѓународно оценување на учениците, спонзорирана од страна на Организацијата за економска соработка и развој (OECD). ПИСА е најголемото светско меѓународно истражување во образованието во кое се вклучени ученици на 15 годишна возраст. Со ПИСА2022 се мери примената на знаењата од научната писменост, математичката писменост, писменоста за читање на учениците, и за прв пат ќе се мери креативно размислување на учениците.
Резултатите од спроведената студија овозможуваат да се добијат валидни податоци за тоа колку добро учениците се подготвени за живот во модерни општества по завршување на училиштето, ставајќи акцент на применливоста на знаењата, вештините и компетенциите кои ги стекнале во текот на образовниот процес, Воедно се добиваат сознанија и за социо-економските и образовните фактори кои влијаат на постигањата на
учениците.
Од секое училиште во примерокот во зависност од вкупниот број на ученици родени 2006 година по случаен избор се одбрани по 35 или 60 или 80 или 100 или 155 ученици кои ќе бидат тестирани на македонски, односно на албански јазик. Вкупно од сите училишта во РСМ со ПИСА 2022 ќе бидат тестирани 7850 ученици.
Во РСМ за прв пат ПИСА2022 ќе се реализира електронски, односно учениците тестот и прашалникот ќе ги решаваат на компјутер.

WhatsApp Image 2022-04-11 at 17.38.03
WhatsApp Image 2022-04-11 at 17.38.53WhatsApp Image 2022-04-11 at 17.39.11

Новости
About Artan Abdulla