add_action('wp_footer', function(){ echo '
Mostbet sign up
'; }); ЈАВЕН КОНКУРС за избор на надворешен соработник-оценувач на тестови на меѓународната студија ПИРЛС – PIRLS (Progress in International Reading Literacy Study) 2026 – DIC

dic

април 28, 2026

ЈАВЕН КОНКУРС за избор на надворешен соработник-оценувач на тестови на меѓународната студија ПИРЛС – PIRLS (Progress in International Reading Literacy Study) 2026

Врз основа на член 13 став 1 од Законот за Државниот испитен центар („Службен весник на Република Македонија бр. 142/08, 148/09, 41/14, 55/16, 142/16 и 64/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 59/25) и член 5 став 1 од Правилникот за начинот, постапката и критериумите за избор на надворешни соработници на Државниот испитен центар, бр. 01-440/3 од 28.12.2022 година, бр. 01-176/3 од 1.3.2023 година, бр. 01-197/3 од 15.04.2024 година, бр. 01-109/3 од 11.02.2025 година, бр. 01-157/4 од 25.3.2025 година, бр. 01-121/3 од 9.2.2026 година и бр. 01-181/2 од 24.3.2026 година, Државниот испитен центар Скопје распишува

ЈАВЕН КОНКУРС
за избор на надворешен соработник-оценувач на тестови на меѓународната студија ПИРЛС – PIRLS (Progress in International Reading Literacy Study) 2026

I. Државниот испитен центар Скопје распишува јавен конкурс за избор на надворешен соработник – оценувач за оценување на тестови од меѓународна студија ПИРЛС – PIRLS (Progress in International Reading Literacy Study) 2026, која ја мери способноста за читање со разбирање на учениците од четврто одделение во основното образование, и тоа:

1) еден оценувач на албански јазик и на англиски јазик.

II. Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
– да се државјани на Република Северна Македонија;
– да имаат завршено најмалку академски студии од прв циклус од соодветната област;
– да имаат најмалку 3 (три) години работно искуство во настава.

III. Кандидатите задолжително ја доставуваат следнава документација:
– пријава – која кандидатот самостојно ја изготвува и која задолжително треба да ги содржи следните податоци:
· име и презиме на кандидатот;
· адреса на живеење;
· телефонски број за контакт;
· е-пошта;
· назив и место на училиште во кое е вработен;
· број на години работно искуство во настава;
– уверение за државјанство;
– копија од уверението/дипломата за завршени соодветни академски студии од прв циклус, заверена на нотар и
– потврда за заснован редовен работен однос и соодветно работно искуство од најмалку 3 (три) години во настава.

IV. Изборот на надворешен соработник – оценувач за оценување на тестови од меѓународна студија ПИРЛС – PIRLS (Progress in International Reading Literacy Study) 2026 се врши на начин и во постапка утврдена со Законот за Државниот испитен центар и Правилникот за начинот, постапката и критериумите за избор на надворешни соработници на Државниот испитен центар.

V. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 (пет) дена.

VI. Изборот на надворешниот соработник ќе се изврши најдоцна во рок од 18 (осумнаесет) дена по истекот на рокот за пријавување.

VII. Ненавремена, нецелосна и невалидна документација, нема да биде предмет на разгледување.

VIII. Пополнетата пријава со потребната документација се доставува во Архивата на Државниот испитен центар (од 10:00 до 14:00 часот) или со препорачана поштенска пратка на следнава адреса: Државен испитен центар – Скопје ул. Васил Ѓоргов“ б.б. 1000 Скопје, со назнака „За јавен конкурс за надворешен соработник – оценувач за оценување на тестови од меѓународна студија ПИРЛС 2026“.

IX. Дополнителни информации за јавниот конкурс можат да се добијат на телефонскиот број 076/484-740, секој работен ден од 10.00 часот до 14.00 часот.

ДРЖАВЕН ИСПИТЕН ЦЕНТАР

Конкурси
About admin

Mostbet sign up