dic

декември 23, 2025

Конференција за презентација на Извештајот од државното тестирање за учениците од петто одделение

 

 

k1 k2 k3

На 15 декември 2025 година (понеделник), во хотел Holiday Inn– Скопје, Државниот испитен центар ја одржа Конференцијата за презентација на Извештајот од државното тестирање за учениците од петто одделение.

На настанот присуствуваше и министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, која во своето обраќање ја истакна важноста на државното тестирање како алатка за следење и унапредување на квалитетот на основното образование во РС Македонија.

Свое обраќање имаа Директорката на Државен испитен центар, м-р Даниела Јовчевска Михајловска , Бојана Нацева-виш специјалист за образование, претставник од Светска банка, д-р Бети Ламева, раководител на Сектор за испити , ИТ и истражувања, како и тим лидерот- д-р Роберто Ричи и д-р Патриција Фалцети, експерт за државно оценување и поставување стандарди од Италија.

Ова национално тестирање потврдува дека располагаме со конзистентен и внимателно дизајниран систем за евалуација на резултатите, кој ни овозможува прецизно да идентификуваме што да задржиме, што да унапредиме и каде се потребни промени.

На Конференцијата присуствуваа претставници од Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, директори на училишта, наставници, претставници од локална самоуправа, пратеници од Законодавниот дом, истражувачи и други релевантни чинители од образовниот сектор. Присутните имаа можност да се запознаат со клучните наоди од тестирањето, кое претставува дел од системот за екстерно мерење на постигањата на учениците во основното образование.

Презентираните резултати обезбедуваат објективни и веродостојни податоци за степенот на остварување на стандардите по наставни подрачја и предмети од особена важност, со цел унапредување на образовните политики и нивно усогласување со современите светски стандарди што укажува на потребата од континуирано следење, анализа и прилагодување на наставните програми и методологии.

Новости
About admin

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *