Ве информираме дека за кандидатите за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење кои се стекнале со право на полагање на испит, согласно Законот за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење („Службен весник на Република Македонија” бр. 10/15, 145/15, 192/15 и 30/2016, 20/18 и 140/18), ќе се реализира 38-та испитна испитна сесија (декември 2024 година) во следните термини:
- Прв дел на испитот – 16 и 17 .12.2024 година (со почеток од 15:30 часот),
- Втор дел на испитот – 19 и 20.12.2024 година (со почеток од 15:30 часот),
- Трет дел на испитот – 21.12.2024 година (со почеток од 09:00 часот), 23.12.2024 година (со почеток од 15:30 часот) и 24.12.2024 година (со почеток од 15:30 часот)
Кандидатите за испит комплетните документи треба да ги достават во Државниот испитен центар во периодот од 10, 11 и 12.12.2024 година од 10:00 до 14:30 часот.
Испитите ќе се одржат во компјутерскиот центар на Државниот Испитен Центар на ул. „Васил Ѓорѓов“ бб, 1000 Скопје.
Пријава со комплетната документација за полагање испит се поставени на веб страницата на ДИЦ, во делот „ИСПИТ ЗА ДИРЕКТОРИ“