Ве информираме дека 31-та испитна испитна сесија (август 2022 година) за кандидатите за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење кои се стекнати со право на полагање на испит согласно Законот за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење („Службен весник на Република Македонија” бр. 10/15, 145/15, 192/15 и 30/2016, 20/18 и 140/18), ќе се одржи во следните термини:
- Прв дел на испитот –04.08.2022 (од 10:00 до 11:00 ч.)
- Втор дел на испитот – 04.08.2022 (од 12:00 до 13:00 ч.)
- Трет дел на испитот –04.08.2022 (од 14:00 до 17:00 ч.)-Правила за изработка на завршните семинарски трудови
Кандидатите за испит комплетните документи треба да ги достават во Државниот испитен центар во периодот од 20.07.2022 – 02.08.2022 година до 15 часот.
Испитите ќе се одржат во компјутерскиот центар на Државниот Испитен Центар на ул. „Васил Ѓорѓов“ бб, 1000 Скопје.