dic

март 10, 2022

Пробно TIMSS 2023 тестирање на македонски и на албански јазик

Во периодот од 09.03.2022 до 25.03.2022 година во 30 основни училишта во Република Северна Македонија ќе се спроведе за прв пат кај нас електронски пробно ТИМСС 2023 тестирање на македонски и на албански јазик. Со него се опфатени 1197 ученици од четврто одделение, од кои 837 на македонски јазик и 360 на албански јазик. Учениците на компјутер ќе решаваат тест и ќе пополнуваат прашалник. Нааставниците и директорите на училиштата исто така електронски ќе пополнуваат прашалник. Родителите на учениците опфатени со примерокот ќе пополнуваат прашалник на хартија.

Целта на пробното тестирање е да се провери како функционираат процедурите, инструментите и техниката.

Главното тестирање ќе се реализира во периодот од март до мај 2023 година во 150 основни училишта на примерок од околу 4000 ученици. Резултатите со опсежен извештај ќе бидат објавени декември 2024 година.

Новости
About Artan Abdulla