Ве информираме дека согласно Законот за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење („Службен весник на Република Македонија” бр.10/15, 145/15, 192/15, 30/16, 120/18 и 140/18), во тек е формирање на нови групи за обука на кандидати за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет на македонски и на албански јазик.
Заинтересираните кандидати е потребно да ги поднесат следните документи:
- Пријава за обука (ја има на нашата web страна)
- Диплома за завршено соодветно високо образование (заверено на нотар)
- Потврда за работно искуство во воспитно-образовната установа верифицирана од Министерството, издадена од надлежна установа
- Кратка биографија (резиме, Curriculum Vitae)
- Копија од уплатница за уплатен износ за обука
- Изјава за користење на лични податоци (ја има на нашата web страна)
Комплетните документи се доставуваат во архивата на Државниот испитен центар или испраќаат по пошта на адреса: Државен испитен центар, ул. „Васил Ѓоргов“ бб, 1000 Скопје, до крајот на месец август 2021 година.
За сите поединости околу обуките посетете ја нашата web страна www.dic.edu.mk