dic

август 4, 2021

Информација за обука на кандидати за директор на основно училиште, средно за училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет доживотно учење

Ве информираме  дека согласно Законот  за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење („Службен весник на Република Македонија” бр.10/15, 145/15, 192/15, 30/16, 120/18 и 140/18), во тек е формирање на нови групи за обука на кандидати за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет на македонски и на албански  јазик.
Заинтересираните кандидати е потребно да ги поднесат следните документи:

  1. Пријава за обука (ја има на нашата web страна)
  2. Диплома за завршено соодветно високо образование (заверено на нотар)
  3. Потврда за работно искуство во воспитно-образовната установа верифицирана од Министерството, издадена од надлежна установа
  4. Кратка биографија (резиме, Curriculum Vitae)
  5. Копија од уплатница за уплатен износ за обука
  6. Изјава за користење на лични податоци (ја има на нашата web страна)

Комплетните документи се доставуваат во архивата на Државниот испитен центар или  испраќаат по пошта на адреса: Државен испитен центар, ул. „Васил Ѓоргов“ бб, 1000 Скопје, до крајот на месец август 2021 година.

За сите поединости околу обуките посетете ја нашата web страна www.dic.edu.mk

Новости
About admin