dic

јуни 16, 2020

Протокол за постапување при реализација на испитите од државната матура за учебната 2019/2020 година

• Во средните училишта каде се реализира државната матура да се обезбедат сите санитарно-хигиенски услови
• Задолжително вршење на дезинфекција на клупите и столчињата во просториите каде ќе се врши полагањето на учениците со дезинфекционо средство кое делува на вируси според упатство од производителот
• Сите учесници во реализацијата на државната матура (тестатори, набљудувачи и членови на Училишните матурски комисии, редари, хигеничари) задолжително да носат заштитна опрема на денот на испитите
• Користење заштититна опрема (респираторна маска ФФП2 или повисок стандард, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично) со која ќе биде покриен пределот на устата и носот од страна на сите кандидати кои ќе полагаат државна матура и сите лица вклучени во реализација на државната матура во средното училиште
• Организирање на просторот во училниците со цел спроведување на редот и одржување на потребното физичко растојание меѓу учениците од минимум 2 метри и присуство на максимум 12 кандидати во една просторија
• Просториите во кои се реализира државната матура пред почеток на испитите треба да се проветрени (влез на свеж воздух во траење од најмалку 30 мин.)
• Организирање на редарска служба во училиштето, со цел спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу учениците од минимум 2 метри пред влегувањето и внатре во училиштето и тоа 2 редари пред влезот на училиштето и 2 редари за во училиштето. Редарите да се ангажираат од редот на вработените во училиштето, за што одлучува директорот на средното училиште
• Поставување на ознаки со кои се означува правец на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на учениците пред и внатре во училиштето
• Задолжително носење документ за лична идентификација и прибор за пишување
• Поставување средство за дезинфекција пред училиштето и задолжителна дезинфекција на рацете на сите кандидати и сите инволвирани во реализација на државната матура пред да влезат во училиштето
• На крајот на секој ден задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот. Алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини
• Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства

Заради заштитата на здравјето, се повикуваат сите кандидати кои ќе полагаат државна матура на доследно почитување на превентивните мерки од Владата на Република Северна Македонија:
• Бидете трпеливи, чекајте во ред пред училиштето и одржувајте најмалку 2 метри растојание од лицата околу вас, пред и во училиштето
• Почитувајте ги препораките на редарите и влегувајте во училиштето еден по еден. т.е откако редарот ќе ви дозволи
• Задолжително носете заштитна опрема (маска, марама или шал), во спротивно нема да ви биде дозволен влез во училиштето

Новости
About admin