dic

април 10, 2019

Информација за регистарот на директори (online база)

Регистарот на директори (Online база) можете да го видите на следниот линк http://dic.edu.mk:8081 или на линкот на најдолу на оваа страница.
Регистарот на директори е составен од два дела:
– „Лиценцирани лица“ – дел кој содржи податоци за лицата кои се стекнале со уверение за директор, односно: име и презиме, општина, датум на издавање на уверението, датум на одземање на уверението и информација дали лицето е активен директор.
– „Регистар на директори“ – дел кој содржи податоци за лицата кои се активни директори на училишта, односно: име и презиме, општина во која се наоѓа училиштето, датум на издавање на уверението, датум на одземање на уверението, училиште во кое е директор, електронска пошта и службен телефонски број (видлив во делот „Преглед)“.
Согласно Законот за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење, податоците од базата ги ажурира Државниот испитен центар, врз основа на податоците добиени од Министерството за образование и наука и единиците на локалната самоуправа на чие подрачје е училиштето.
Министерството за образование и наука доставува податоци за директорите на државните основни и средни училишта и државните ученички домови, а градоначалникот на општината, општината во град Скоје, односно град Скопје за општинските основни и средни училишта, ученички домови и отворени граѓански универзитети за доживотно учење, во рок од десет дена од денот на избор, односно разрешување на директор.

Новости
About admin