Ве известуваме дека во тек е формирање на нова група за обука на кандидати за директори согласно новиот Закон за обука и испит за директор,на основно училиште,средно училиште,ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење (“Службен весник на Република Македонија” бр.10/15, 145/15, 192/15 и 30/2016).
Пријавувањето на кандидатите за обука се врши писмено со поднесување на пријава.
Кон пријавата кандидатот треба да приложи :
1.Диплома за завршено соодветно високо образование
2.Потврда за работно искуство верифицирана од Министерството,издадена од надлежна установа
3.Кратка биографија ( резиме,Curriculum vitae )
4.Копија од уплатница за уплатен износ
Заинтересираните кандидати можат да се пријават најдоцна до 10.03.2017 год.
Пријавите ги има на нашата веб страница.
Лицe за контакт: за обука и испит Лидија Нарашанова Смилевска тел.023203133.