Испитот по социологија во рамките на државната матура, за прв пат од оваа година ќе се реализира екстерно. Тоа значи дека кандидатите кои го избрале овој испит ќе решаваат стандардизиран тест на знаење, подготвен од Државна матурска предметна комисија (ДМПК) за социологија, составена од неколку средношколски наставници по социологија и универзитестки професор.
Испитот трае 2 часа, односно 120 минути.
Тестот содржи 47 прашања од кои
- 26 од затворен тип ( од понудени четири одговори, ученикот треба да го избере точниот/најточниот одговор),
- 21 прашање од отворен тип ( ученикот треба на празниот простор, под прашањето да запише кус одговор).
Максималниот број на бодови кои ученикот може да ги освои на тестот е 60. Прагот на положеност, односно потребниот број бодови да се положи тестот го определува Комисијата по завршување на процесот на оценување.
Задачите во тестот се подготвувани според испитната програма по социологија за државна матура која е поставена на веб страницата www.matura.gov.mk Со задачите ќе се проверуваат знаења и способности од 6 тематски целини/подрачја:
П1. Социологијата како наука (нејзино оснивање, предметно теориско и методолошко определување),
П2. Култура, социјализација, комформизам и девијација,
П3.Општествено дејствување, општествена интеракција, колективно однесување,
П4. Општествени институции, организации и групи,
П5. Општествена структура, диференцијација, стратификација,
П6. Општествени промени, европска интеграција, глобализација. Во продолжение се дадени видови на прашања по социлогија кои би ги соодржил тестот.