Државниот испитен центар информира дека во тестот по наставниот предмет Биологија на албански јазик, во рамките на државната матура, е направена ненамерна техничка грешка која не влијае врз резултатите на матурантите. Тестот по Биологија е идентичен на сите три јазици (македонски, албански и турски јазик). Идентични се зададените задачи, точните одговори и клучот според кој се оценуваат задачите.
Само на стр. 9 е направена ненамерна техничка грешка при испишувањето на поените кои се однесуваат на задача 31 (напишано е 1 поен, наместо 3 поени) и задача 32 (напишано е 1 поен, наместо 4 поени). Тие две бројки не влијаат ниту на содржината на прашањето, ниту на точните одговори на задачите. Целосно точните одговори на учениците ќе бидат оценети соодветно, со максимум 3, односно 4 поени.
Државниот испитен центар им се извинува на матурантите поради направената техничка грешка и им гарантира дека таа нема воопшто да влијае на нивниот резултат по наставниот предмет Биологија на албански јазик.