dic

ноември 10, 2020

Информација за Проектната задача

Државниот испитен центар во соработка со Министерството за образование и наука, во период од  10.11.2020 година до 16.11.2020 година реализираше средби на далечина со наставниците од средните училишта од РС Македонија. Целта на  овие средби беше наставниците да се запознаат со иновираната испитна програма за проектна задача.

Предавачи на средбата беа Гордана Трајкова Костовска, советник и координатор за проектна задача од  ДИЦ и Тамара Ќупева претставник од МОН.

Предавачите ги информираа учесниците за суштината, значењето на промените во испитната програма за проектната задача. Преку деталната презентација наставниците  добија информации за применливоста на иновираните пристапи во изработка на проектната задача. Во текот на средбата учесниците имаа можност за разјаснување на дилемите што ги имаа преку директно поставување на прашања до предавачите.

Новости
About admin