Ве информираме дека 14 испитна сесија (февруари 2019 година) за кандидатите за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење кои се стекнати со право на полагање на испит согласно Законот за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење („Службен весник на Република Македонија” бр.10/15, 145/15, 192/15 , 30/2016, 20/18 и 140/18), ќе се одржи во следните термини:
- Прв дел на испитот – 06.02.2019 (од 17 ч.)
- Втор дел на испитот – 13.02.2019 (од 17:30 ч.)
- Трет дел на испитот – 15 и 16.02.2019 (од 16:30 ч.)
Кандидатите за испит комплетните документи треба да ги достават во Државниот испитен центар во периодот 30.01.2019 – 04.02.2019 година.
Испитите ќе се одржат во компјутерскиот центар на Државниот Испитен Центар на ул. „Васил Ѓорѓов“ бб, 1000 Скопје.