Од 26 март до 03 април 2019 година Државниот испитен центар организираше серија на регионални обуки за реализација на меѓународната студија ТИМСС2019. Во овој проект учествуваат 150 основни училишта од нашата држава.
На обуката која се реализираше во Скопје на 27 март 2019 присуствуваше и се обрати и министерот за образование и наука, г-дин Арбер Адеми.
Обуката ја следеа околу 300 претсавници од основните училишта (директори, наставници и стручни соработници).