dic

јуни 9, 2018

Информацијата за реализација на испитот по мајчин јазик на државна матура во учебната2017/ 2018 година

На 09.06.2018 година со почеток во 10:00 часот се спроведе задолжителниот дел од државната матура во сите јавни и во неколку приватни средни училишта во Република Македонија за учениците од гимназиското, уметничкото и средното стручно образование со четиригодишно траење. Се полагаше испитот по македонски јазик и литература, албански  јазик  и  литература   и    турски јазик и литература.    За испитот беа пријавени 14 966 кандидати. Од нив околу 67,5% полагаа македонски јазик и литература, околу 30% албански јазик и литература и околу 2,5% турски јазик и литература.
Испитите во целата држава течеа согласно сите пропишани правила и процедури без никакви проблеми. Во нивната реализација беа вклучени членовите на училишните матурски комисии, како и околу 2000 обучени тестатори-наставници од основните и средните училишта. Испитот го следеа 180 овластени набљудувачи, вработени во: Државниот испитен центар, Бирото за развој на образованието, Министерството за образование и наука и Центарот за стручно образование и обука.
Државниот испитен центар им се заблагодарува на сите овластени набљудувачи, директори и вработени во училиштата, за максималните напори што ги вложија за успешно спроведување на овие испити. Особена благодарност изразуваат и  до сите членови на државните матурски комисии, кои континуирано работеа и даваа поддршка за успешна реализација на државната матура
На сите матуранти во Република Македонија Државниот испитен центар им посакува успешно да го положат овој испит и да го продолжат своето понатамошно образование.

 

 

Новости
About admin