dic

ноември 5, 2020

ВАЖНО:Известување за кандидатите кои сакаат да го обноват уверението за директор

Поради состојбата со Covid 19 и поголема заинтересираност на кандидати за обнова на уверение за директор, рокот за пријавување е ПРОДОЛЖЕН ДО 10.11.2020 ГОДИНА.

Имено, Согласно уредбата од Владата на Република Северна Македонија, донесена на 12 мај 2020 година, за кандидатите кои се стекнале со уверение за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење, согласно прописите кои важеле до денот на отпочнувањето на примената на Законот за обука испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење („Службен весник на Република Македонија“ бр. 10/15, 145/15,192/15, 30/16, 120/18 и 140/18), важноста на уверенијата се продолжува за онолку денови колку што траела вонредната состојба, односно до 07 декември 2020 година.

За да се пријавите потребно е да доставите Барање за обновување на уверение и Уверение за положен испит за директор (копија заверена на нотар).

Новости
About admin