Денес (12.02.2025 г.) се одржа средба помеѓу директорката на Државен испитен центар м-р Даниела Јовчевска Михајловска и ректорот на УГД, проф. д-р Дејан Мираковски. Целта на средбата е поврзана со чекорите кои ги презема Државниот испитен центар во соработка со средните училишта за организација и реализација на државната матура во учебната 2024/25 година. Средните училишта од Штип екстерните испити од државната матура ќе ги организираат на УГД. На вој начин реализацијата на државната матура ќе биде пообјективна, а и поедноставна за штипските училишта. Ректорот на УГД ќе го отстапи просторот на училиштата и ќе излезе во пресрет за се што е потребно за успешно реализирање на полагањето на екстерните испити на државната матура.