На 27.4.2026 година претставници од Државниот испитен центар на РС Македонија одржаа состанок со претставници од Заводот за евалуација на квалитетот на образованието и воспитанието на Република Србија. На состанокот беа разменети искуства во областа на организирање национални тестирања, матурски испити, како и учество во меѓународни истражувања како што се PISA, TIMSS, PIRLS и TALIS. Посебен фокус беше ставен на можностите за заеднички активности, размена на експерти и искуства, како и организирање обуки и работилници со цел понатамошно подобрување на квалитетот на образовниот систем.
На состанокот присуствуваа директорот проф. д-р Борис Стојковски и заменик-директорот д-р Милан Громовиќ од Заводот за евалуација на квалитетот на образованието и воспитанието, како и директорката м-р Даниела Јовчевска Михајловска, заменик-директорот Буњамин Кадриу и раководителот на секторот за испити, ИТ и истражување д-р Бети Ламева од Државниот испитен центар на РС Македонија.
Беше договорено дека соработката меѓу двете институции ќе се интензивира во наредниот период.



