Во периодот од 1 до 3 март 2022 година Државниот испитен центар реализираше еднодневни двочасовни онлајн средби, во повеќе термини, со наставниците од средните училиште од РСМ на тема „Согледувања од увидите во тестовите од интерните испити во рамките на државната матура“. Наставниците на средбата добија информации од направената анализа на добиените примероци од тестовите кои се реализирани како интерни испити од државната матура во учебната 2020/2021 година.Согласно добиените согледувања од направената анализа одговорните советници, м-р Тања Андонова Митревска, Наим Демири и Трајанка Аврамоска, подготвија насоки за подобрување на квалитетот на испитните задачи, бодирањето на различен вид на задачи и изготвувањето на скали за претворање на поени во оценки.