Врз основа на член 13 став 1 од Законот за Државниот испитен центар („Службен весник на Република Македонија“ бр. 142/08, 148/09, 41/14, 55/16, 142/16 и 64/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 59/25), член 5 став 1 од Правилникот за начинот, постапката и критериумите за избор на надворешни соработници на Државниот испитен центар бр. 01-440/3 од 28.12.2022 година, бр. 01-176/3 од 1.3.2023 година бр. 01-197/3 од 15.4.2024 година, бр. 01-109/3 од 11.2.2025 година, бр. 01-157/4 од 25.3.2025, бр. 01-121/3 од 9.2.2026 година и бр. 01-181/2 од 24.3.2026 година и Концепцијата за испитите на крајот од средното образование, 2025 година, Државниот испитен центар распишува
ПОВТОРЕН ЈАВЕН КОНКУРС
за избор на надворешен соработник – член на државна матурска предметна комисија за потребите на државната матура, државната стручна матура и/или државната уметничка матура за учебната 2025/2026 година
I. Државниот испитен центар распишува повторен јавен конкурс за избор на надворешен соработник – член на државна матурска предметна комисија за потребите на државната матура, државната стручна матура и/или државната уметничка матура за учебната 2025/2026 година по предметот:
1) Српски јазик и литература – 1 (еден) член.
II. Услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите кои конкурираат на јавниот конкурс:
– да се државјани на Република Северна Македонија;
– да имаат завршено најмалку академски студии од прв циклус од соодветната област;
– да се од редот на стручните лица-наставници од соодветниот наставен предмет во средните училишта во РСМ, но доколку такви нема пријавено ќе се земат предвид и наставници по соодветниот наставен предмет во основните училишта во РСМ;
– да имаат најмалку 7 (седум) години работно искуство во настава и
– да имаат најмалку 3 (три) години искуство во процесот на оценување на екстерните испити од државната матура. По исклучок доколку не се пријават доволно кандидати, ќе се земат предвид лица и со помало или без искуство во процесот на оценување.
III. Кандидатите кои конкурираат на јавниот конкурс задолжително ја доставуваат следнава документација:
– пријава – која кандидатот самостојно ја изготвува и која задолжително треба да ги содржи следните податоци:
• име и презиме на кандидатот;
• адреса на живеење;
• телефонски број за контакт;
• е-пошта;
• назив и место на училиште во кое е вработен;
• број на години работно искуство во воспитно-образовна или научна дејност;
– кратка биографија;
– уверение за државјанство;
– копија од уверението/дипломата за завршени академски студии од прв циклус од соодветната област, заверена на нотар;
– потврда дека се од редот на стручните лица-наставници од соодветниот наставен предмет во средните или основните училишта во РСМ;
– потврда за најмалку 7 (седум) години работно искуство во настава и
– доказ за најмалку 3 (три) години искуство во процесот на оценување на екстерните испити од државната матура (решение, договор или потврда) доколку го има.
Кандидатите кои конкурираат за член на државна матурска предметна комисија треба да имаат искуство во подготовка на испитен материјал.
Кандидатите за член на државна матурска предметна комисија не смеат да имаат брат или сестра, син или ќерка, внук или внука од: ќерка, син, брат, сестра, брат или сестра на брачен другар кој/а е ученик/чка во IV година средно образование, како и да не се поврзани со посвојување или старателство на дете кое е ученик/чка во IV година на средно образование и го полага соодветниот предмет во тековната учебна година.
IV. Државниот испитен центар ќе врши селекција според горенаведените критериуми, а со кандидатите кои ги исполнуваат условите наведени во јавниот конкурс ќе се спроведе интервју, по што ќе следи конечниот избор.
Изборот на надворешниот соработник се врши на начин и во постапка утврдена со Законот за Државниот испитен центар и Правилникот за начинот, постапката и критериумите за избор на надворешни соработници на Државниот испитен центар.
V. Кандидатот кои ќе биде избран за член на државна матурска предметна комисија ќе биде ангажиран до крајот на учебната 2025/2026 година.
VI. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е пет дена.
VII. Изборот на надворешниот соработник ќе се изврши најдоцна во рок од 18 (осумнаесет) дена по истекот на рокот за пријавување.
VIII. Ненавремена, невалидна и некомплетна документација, нема да биде предмет на разгледување.
IX. Пријавата со потребната документација се доставува во Архивата на Државниот испитен центар (од 10:00 до 14:00 часот) или со препорачана поштенска пратка, на следнава адреса: Државен испитен центар – Скопје ул. „Васил Ѓоргов“ б.б., 1000 Скопје, со назнака „За јавен конкурс за надворешен соработник – член на државната матурска предметна комисија по предметот Српски јазик и литература“.
X. Дополнителни информации заинтересираните кандидати можат да се добијат на бројот 075/284-335 секој работен ден од 10:00 до 14:00 часот.
ДРЖАВЕН ИСПИТЕН ЦЕНТАР



