Државниот испитен центар на 15.02.2022 година реализираше обука на далечина на училишните координатори за спроведување на ПИСА 2022 студијата од сите средни училишта.
Целта на обуката беше училишните коодинатори, а преку нив и останатите наставници и ученици да се запознаат од важноста на учеството во меѓународните студии, досегашното учество на нашата држава во ПИСА студијата и претстојните активности за реализација на ПИСА 2022.