dic

март 23, 2022

Меѓународната студија ПИСА2022

Државниот испитен центар на 21.03.2022 година одржа две средби на далечина (на македонски и на албански јазик) со сите директори на средни училишта и училишни координатори за меѓународната студија ПИСА 2022. Тема на средбите беше претстојното главно тестирање кое ќе се реализира во месец април и мај 2022 година во сите средни училишта од РСМ на примерок од 7850 случано одбрани ученици. На средбата се обратија: заменик министерот за образование и наука д-р Лулзим Алиу, директорката на ДИЦ м-р Елизабета Наумовска, заменик директорот на ДИЦ Дитан Адеми, националниот координатор за ПИСА д-р Бети Ламева и дата менаџерот Ќебир Шемши.
Резултатите и опсежниот извештај од оваа студија ќе бидат објавени во декември 2023 година.

Новости
About Artan Abdulla