dic

декември 7, 2023

Информација за 34-та испитна сесија за кандидати за директори (декември, 2023)

Кандидатите кои се стекнале со право на полагање на испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење согласно Законот  за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење („Службен весник на Република Македонија” бр. 10/15, 145/15, 192/15, 30/2016, 20/18 и 140/18) ги информираме дека 34-та испитна сесија (декември 2023 година), ќе се одржи во следните термини:

 Прв дел од испитот 21.12.2023 година ( почнувајќи од 15:30 часот);
Вториот дел од испитот 22.12.2023 година ( почнувајќи од 15:30 часот);и
 

Трет дел од испитот

 

од 23.12.2023 до 27.12.2023 година;(во работен ден од 15:30 часот, а на 23.12 од 08:00 часот).

Комплетната документација се доставува исклучиво во архивата на Државниот испитен центар во периодот од 18.12.2023 – 20.12.2023 година до 14:30 часот.

Испитите ќе се одржат во компјутерскиот центар на Државниот испитен центар на ул. „Васил Ѓорѓов“ бб, 1000 Скопје.
Доколку некој од кандидатите не добие тема за завршен семинарски труд, да се обрати на е-меил: obukidirektori@dic.edu.mk

Новости
About admin