Ве информираме дека за кандидатите за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење кои се стекнале со право на полагање на испит, согласно Законот за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење („Службен весник на Република Македонија” бр. 10/15, 145/15, 192/15 и 30/2016, 20/18 и 140/18), ќе се реализира 2-та испитна испитна сесија (мај 2026 година) во период од 21-22 мај 2026 година.
Кандидатите за испит комплетните документи треба да ги достават во Државниот испитен центар на 18 мај 2026 година од 09:00 до 14:00 часот.
Испитите ќе се одржат во компјутерскиот центар на Државниот Испитен Центар на ул. „Васил Ѓорѓов“ бб, 1000 Скопје.
Пријава со комплетната документација за полагање испит се поставени на веб страницата на ДИЦ, во делот „ИСПИТ ЗА ДИРЕКТОРИ“.



