dic

јули 8, 2025

Информација за 2-та испитна сесија во 2025 година (јули 2025)

Ве информираме дека за кандидатите за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење кои се стекнале со право на полагање на испит, согласно Законот  за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење („Службен весник на Република Македонија” бр. 10/15, 145/15, 192/15 и 30/2016, 20/18 и 140/18), ќе се реализира 2-та испитна испитна сесија (јули 2025 година) во следните термини:

  • Прв дел на испитот – 21 и 22.07. 2025 година
  • Втор дел на испитот – 22 и 23.07.2025 година
  • Трет дел на испитот – 23, 24 и 25.07.2025 година

Кандидатите за испит комплетните документи треба да ги достават во Државниот испитен центар на 17 и 18.07.2025  година од 09:00 до 14:30 часот.

Испитите ќе се одржат во компјутерскиот центар на Државниот Испитен Центар на ул. „Васил Ѓорѓов“ бб, 1000 Скопје.

Пријава со комплетната документација за полагање испит се поставени на веб страницата на ДИЦ, во делот „ИСПИТ ЗА ДИРЕКТОРИ“.

Новости
About admin

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *