dic

март 23, 2026

Информација за 1-та испитна сесија во 2026 година (април 2026)

Ве информираме дека за кандидатите за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење кои се стекнале со право на полагање на испит, согласно Законот за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење („Службен весник на Република Македонија” бр. 10/15, 145/15, 192/15 и 30/2016, 20/18 и 140/18), ќе се реализира 1-та испитна испитна сесија (април 2026 година) во период од 03.04.2026 година до 20.04.2026 година.

Кандидатите за испит комплетните документи треба да ги достават во Државниот испитен центар на 01 и 02.04.2026 година од 09:00 до 14:30 часот.

Испитите ќе се одржат во компјутерскиот центар на Државниот Испитен Центар на ул. „Васил Ѓорѓов“ бб, 1000 Скопје.

Пријава со комплетната документација за полагање испит се поставени на веб страницата на ДИЦ, во делот „ИСПИТ ЗА ДИРЕКТОРИ“.

Новости
About admin

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *