dic

март 7, 2025

Информација за 1-та испитна сесија во 2025 година (март 2025)

Ве информираме дека за кандидатите за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење кои се стекнале со право на полагање на испит, согласно Законот  за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење („Службен весник на Република Македонија” бр. 10/15, 145/15, 192/15 и 30/2016, 20/18 и 140/18), ќе се реализира 1-та испитнаиспитна сесија (март 2025 година) во следните термини: 

  • Прв дел на испитот 21.03.2025 година (со почеток од 12:00 часот) и 24.03.2025 година (со почеток од 15:00 часот) 
  • Втор дел на испитот25.03.2025 година (со почеток од 12:00 часот), 
  • Трет дел на испитот 26, 27 и 28.03.2025 година (со почеток од 15:00 часот). 

Кандидатите за испит комплетните документи треба да ги достават во Државниот испитен центар на 17 и 18.03.2025  година од 09:00 до 14:30 часот .  

Испитите ќе се одржат во компјутерскиот центар на Државниот Испитен Центар на ул. „Васил Ѓорѓов“ бб, 1000 Скопје. 

Пријава со комплетната документација за полагање испит се поставени на веб страницата на ДИЦ, во делот „ИСПИТ ЗА ДИРЕКТОРИ“ 

 

ДРЖАВЕН ИСПИТЕН ЦЕНТАР 

Новости
About admin

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *