dic

ноември 17, 2021

Информација за испитна сесија во декември 2021 година

Ве информираме дека испитната сесија во декември 2021 година за кандидатите за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење кои се стекнати со право на полагање на испит согласно Законот  за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење („Службен весник на РМ” бр.10/15, 145/15, 192/15, 30/16, 20/18 и 140/18), ќе се одржи во следните термини:

  • Прв дел на испитот – 16.12.2021 год. (четврток) од 13.00 часот
  • Втор дел на испитот – 16.12.2021 год. (четврток) од 15.00 часот
  • Трет дел на испитот – 17.12.2021 год. (петок) од 14.00 часот

Ги молиме кандидатите за испит да ги достават комплетните документи во архивата на Државниот испитен центар или по пошта најдоцна до 13.12.2021 година.
Испитите ќе се одржат во компјутерскиот центар на Државниот испитен центар со адреса: „Васил Ѓоргов“ бб во Скопје.

Новости
About admin