dic

октомври 22, 2024

Известување (јавен повик) за основна обука за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење

Согласно член 3 од Законот за Државниот испитен центар („Службен весник на РМ“ број 142/2008; 148/2009; 41/2014; 55/2016; 142/2016), каде што Државниот испитен центар е надлежен да врши обука на кандидатите за директори, Државниот испитен центар објавува јавен повик за пријавување на кандидати за основна обука која се врши писмено со поднесување на пријава. Кон пријавата, кандидатот треба да приложи:

· Диплома за завршено соодветно високо образование

· Потврда за работно искуство во воспитно образовна установа верифицирана од Министерството, издадена од надлежна установа

· Кратка биографија (резиме, Curriculum vitae)

· Копија од уплатница за уплатен износ за обука;

· Изјава*

Сите други поединости околу документите можете да ги најдете на веб страната на Државниот испитен центар во делот – Обука и испит за директори.

Реализацијата на обуката според Програмата за обука и испит на директори на основни и средни училишта, за пријавените кандидати започнува по формирање на група од десет кандидати, пријавени за обука.

Пријавата со комплетната документација се доставува лично во архивата на Државниот испитен центар или по пошта до Државен испитен центар со адреса: ул. „Васил Ѓоргов“ б.б., 1000 Скопје, (со назнака – за основна обука)

Новости
About admin