dic

јуни 26, 2023

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЧЕТОК СО НАПРЕДНА ОБУКА ЗА ДИРЕКТОРИ НА УЧИЛИШТА

Почитувани директори на училишта,

 

Ве известуваме дека Државниот испитен центар започнува со организација и реализација на напредната обука за директори.

Согласно Законот за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење („Службен весник на Република Македонија“ бр. 10/2015, 145/2015, 192/2015, 30/2016, 120/2018 и 140/2018) секој директор на училиште со положен испит за директор е должен да посетува напредна обука од од најмалку 4 семинарски денови (по 8 часа), со вкупно времетраење од 32 часа во текот на годината.

Од горенаведеното, вие како директори на училишта со положен испит за директор потребно да одберете 4 (четири) од наведените теми за обука.

За таа цел до градоначалниците и одоговорните за образование во општините е доставен линк за избор на теми.

Доколку не сте го добиле линкот досега, обратете се до својата општина или до Државен испитен центар на тел.  075 340 963.

Почетокот на напредната обука е планиран за септември 2023 година, а обуките ќе се реализираат во текот на учебната 2023/24 година. Термините за одржување на обуките ќе бидат објавени дополнително, согласно вашиот избор и истите ќе се одржуваат во Скопје во денови од викенд.

По утврдување на распоредот за обуките, ќе бидете контактирани и ќе ви бидат дадени подетални информации во врска со начинот на пријавување, плаќање и термините за следење на обуките.

Напомена: Вкупниот број на обуки (четири) за секој директор треба да се реализираат во текот на учебната 2023/24 година.

 

Државен испитен центар

Новости
About admin