РЕЗУЛТАТИ ЈУНИ 2022
01.07.2022 – Училишната матурска комисија треба да ги објави резултатите во 12:00 часот. За кандидатите кои не приговарале прелиминарните резултати се конечни резултати.
Резултатите ќе бидат достапни и на веб страната на ДИЦ (www.matura.gov.mk).
Резултатите се достапни на следниот линк: http://rezultati.dic.edu.mk/REZULTATIJUNI2022/REZULTATIJUNI2022.nsf/RezSearch.xsp
01 – 05.07.2022 – Доставување на приговори за резултатите од учениците до УМК. Веднаш по доставувањето на приговорот од страна на кандидатот, УМК е должна податоците да ги внесе во Апликацијата за приговори, согласно упатствата дадени од ДИЦ. Линк за внес на приговори:
http://prigovori.dic.edu.mk/PRIGJUNI2022/PRIGOVORIJUNI2022.nsf/names.nsf?Login
ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА АВГУСТОВСКИ ИСПИТЕН РОК
06 – 13.07.2022 – Пријавување на кандидатите за полагање на екстерниот дел од државната матура и внес во базата на податоци на ДИЦ.
Адресата за пристап до базата на податоци за државната матура за августовски испитен рок во учебната 2021/2022 година е: http://drzavnamatura.dic.edu.mk
Kорисничкото име и лозинката за пристап до базата на податоци на ДИЦ е иста со јунски испитен рок во 2022 година. Секретарите на УМК ќе имаат пристап до базата на податоци за државна матура во августовски испитен рок до 8:30 часот на 14.07.2022.