Согласно Календарот за организација на учебната 2020/2021 година во јавните средни училишта (Сл. весник на РСМ, бр. 55 од 9.3.2021) екстерните испити од државната матура ќе се реализираат на:
Jунската испитна сесија:
05.06.2021 – македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература;
11.06.2021 – математика, англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, филозофија, естетика.
Aвгустовска испитна сесија:
11.08.2021 – македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература;
13.08.2021 – математика, англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, филозофија, естетика.
Сите испити се со почеток во 10:00 часот.