Обука и испит за директори

Главната цел на обуката за директори во Државниот испитен центар е професионално оспособување на директорите за успешно организирање, раководење и администрирање на работата на училиштето.

Со осамостојување на Државниот испитен центар во ноември 2009 година, покрај другите активности забрзано започнаа и активностите околу подготовката за обука и испит за директори на основни и средни училишта во Република Македонија. Согласно Законот за Државен испитен центар (Службен весник на Република Македонија“ бр.142/08, 148/09, 41/14, 55/16, 142/16 и 64/18) за првпат во ноември 2010 година во Државниот испитен центар започна да се спроведува обуката за директори, а во март 2011 година започна обуката за директори на јавни средни училишта.

Од 01.10.2016 година па се до денес, обуката и испитот за директори се спроведува согласно Законот за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење („Службен весник на Република Македонија“ бр. 10/15, 145/15, 192/15, 30/16, 120/18 и 140/18).

Основната обука се реализира согласно Програмата низ 6 модули и тоа:

  • Примена на информатичко-компјутерска технологија при менаџирањето во образованието;
  • Теорија на организација;
  • Луѓето во организација;
  • Директорот како педагошки раководител;
  • Законодавство;
  • Финансии.

За секој модул, кандидатите го подготвуваат и го презентираат својот семинарски труд пред групата и обучувачот.

Со право на полагање на испит се стекнува кандидатот кој успешно ја завршил основната обука за директор и има положено психолошки тест и тест за интегритет за директор, кој не треба да биде постар од две години.

Испитот за директор се состои од три дела:

  • практична проверка на компјутерски вештини (трае 60 мин);
  • проверка на способноста за примена на теоретските знаења (60 мин);
  • презентација и одбрана на завршниот семинарски труд (30 мин).

 

Регистар за директори

Закон за обука и испит за директори

Програма за обука и испит за директори

Правилник за професионални компетенции за директор на основно училиште

Водич за обука и испит за директори-нов
Водич за обука и испит за директори-нов-алб
Ценовник за обука и испит за директори

 

Обука за директори

Пријава за обука
Пријава за обука мк-ал.
Уплатница- пример
Изјава
Изјава мк-ал

 

Испит за директори

Пријава за испит
Пријава за испит мк-ал
Уплатница- пример
Прашања за вториот дел од испитот за директори

 

Обнова на уверение

Барање за обновување на уверение за директор
Барање за обновување на уверение за директор мк-ал-mk-al
Пријава за испит-2
Пријава за испит-2 мк-ал
Уплатница- пример
Изјава
Изјава мк-ал.
Прашања за вториот дел од испитот за директори

 

Издавање на уверение

Издавање на уверение

 

Издавање на дупликат уверение

Барање за издавање дупликат уверение за директор на училиште
Барање за издавање дупликат уверение за директор на училиште мк-ал
Издавање дупликат уверение за директор на училиште
Издавање дупликат уверение за директор на училиште