dic

јуни 2, 2021

Пилот тестирање на испитите од државната матура за пилот квалификаците од средното стручно образование за градежна, електротехничка и угостителска струка

Во периодот февруари – мај 2021 година Државниот испитен центар во соработка со Центарот за средно стручно образование и обука изготви испитен материјал  за  државна матура и завршен испит за  пилот квалификации во четиригодишното средно стручно образование и тоа за образовниот профил / квалификација градежен техничар од струка / сектор градежно-геодетска / градежништво и геодезија; за образовниот профил / квалификацијa електротехничар за компјутерска техника и автоматика од струка / сектор електротехничка / електротехника и за образовниот профил / квалификација хотелско туристички техничар од струка / сектор угостителско-туристичка / угостителство и туризам .

Државниот испитен центар, според процедурите за изработка на испитен материјал,по фомирањето на Државни предметни матурски комисии за трите образовни профили / квалификации пристапи кон изработка на испитни програми, тест книшки и упатства за оценување за пилот испитите. Овие активности беа координирани од советници од ДИЦ кои реализираа повеќе онлајн средби во функција на обука на членовите на комисиите за иаработка на потребните материјали.

По изготвувањето на потребниот материјал се спроведоа и пилот испити  и тоа:

  • на 18.05.2021 година за образовниот профил/квалификација градежен техничар од струка/сектор градежно-геодетска/градежништво и геодезија во СУГС „Здравко Цветковски“ – Скопје.
  • на 18.05.2021 година за образовниот профил/квалификацијa електротехничар за компјутерска техника и автоматика во СОУ „Наце Буѓони“-Куманово, СОУ „Никола Карев“-Струмица и во СУГС „Михајло Пупин“- Скопје.
  • на 20.05.2021 година за образовниот профил /квалификација хотелско туристички техничар од струка/сектор угостителско-туристичка/угостителство и туризам во СУГС ,,Лазар Танев“ – Скопје и СОУ „Ванчо Питошевски“- Охрид.

Резултатите од спроведените пилот испити ќе се користат за понатамошно подобрување на матурските испити во средно стручно образование.

Новости
About admin