dic

август 19, 2021

Иформација за септемвриската испитна сесија

Ве информираме дека Државниот испитен центар во септември 2021 година организира испитна сесија за кандидатите за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење, кои се стекнати со право на полагање на испит согласно Законот  за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење („Службен весник на Република Македонија” бр. 10/15, 145/15, 192/15 и 30/2016, 20/18 и 140/18).

Според став 2, член 14 од споменатиот закон, испитот ќе се организира за група од најмалку 3 (три) пријавени кандидати.

Кандидатите за испит комплетните документи треба да ги испратат по пошта на адреса: ул. „Васил Ѓоргов“ бб, 1000 Скопје,  до  05.09.2021 година.

Новости
About admin