dic

февруари 2, 2024

Информација за 35-та испитна сесија за кандидати за директори (февруари, 2024)

Кандидатите кои се стекнале со право на полагање на испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење согласно Законот  за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење („Службен весник на Република Македонија” бр. 10/15, 145/15, 192/15, 30/2016, 20/18 и 140/18) ги информираме дека 35-та испитна сесија (февруари 2024 година), ќе се одржи во следните термини:

 Прв дел од испитот 15.02.2024 година ( почнувајќи од 15:00 часот);
Вториот дел од испитот 16.02.2024 година ( почнувајќи од 15:30 часот);и
 

Трет дел од испитот

 

17.02.2024  од 08:00 часот

19,20.02.2024 година;(во работен ден од 15:30 часот,

Комплетната документација се доставува исклучиво во архивата на Државниот испитен центар во периодот од 12.02.2024 – 13.02.2024 година 10:00 до 14:30

Испитите ќе се одржат во компјутерскиот центар на Државниот испитен центар на ул. „Васил Ѓорѓов“ бб, 1000 Скопје.
Доколку некој од кандидатите не добие тема за завршен семинарски труд, да се обрати на е-меил: obukidirektori@dic.edu.mk

Новости
About admin

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *